Saturday, April 6, 2019

ДЕН 7

Последен ден од мобилноста во Сплит. Споделување на импресии од престојот во Сплит, доделување на сертификати.
Во попладневните часови кратка екскурзија до Трогир.




ДЕН 6

Целодневни обуки за справување со стресот на работа и причини за стрес. Компаративна споредба меѓу состојбите во Хрватска, Македонија, Белгија, Шпанија и Летонија.
Работилница со едукаторот Јони Бренан од Даблин за примена на англискиот јазик во наставата.
Поладневна сесија со ученици од сплитските основни и средни училишта и размена на искуства.






Thursday, April 4, 2019

ДЕН 5

Претпладне: Посета на училиште во центарот на Сплит. Присуство на час и презентација од страна на учениците.
Комуникација и споделување искуства со наставниците од училиштето.
Предавање за свесност медитација и справување со стрес во Центарот за обука.

Прекрасна вечер во Хрватскиот народен театар во Сплит.








Wednesday, April 3, 2019

ДЕН 4

Организирана екскурзија до слаповите на река Крка и знаменитостите во Шибеник.
Прекрасен спој на природни и општествени атракции и знаменитости на Хрватска.









Tuesday, April 2, 2019

ДЕН 3

 Напорен ден со многу активности поврзани со креативните начини на учење и поучување, особено на примената на едукативните игри во наставата.






Monday, April 1, 2019

ДЕН 2


Претпладне - Предавања и работилници на тема ‘Креативност’ и ‘Карактеристики на наставникот во 21 век’ во Центарот за обуки и странски јазици “Papagallo”. Активно учество и комуникација со предавачите и другите учесници во обуката.

Попладне - посета на Стариот град со водич и запознавање со историјата на Сплит.

Вечера во традиционален ресторан заедно со другите учесници на обуката, разменување на искуства и впечатоци.













Sunday, March 31, 2019

ДЕН 1

Пристигнување во Сплит. Посета на центарот на градот, кејот и стариот град.
Прошетка низ боровата шума Маријан и дегустација на локалните специјалитети.
Попладне, пристигнување во Центарот за обуки и странски јазици “Papagallo”.
Tопло добредојде од домаќините со локално мезе и пијалоци.
Запознавање со предавачите и другите учесници во обуката.
Презентации за нашата земја и нашето училиште.
Објаснување на програмата и планот за работа.